Граѓаните преку социјалните мрежи денеска организираат протест во Скопје поради несреќата во која 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби својот живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино
Протестот е закажан за 13 часот кај пешачкиот премин кај пекарата „Силбо“, каде згасна нејзиниот живот откако беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој бил пијан, поминал на црвено и немал возачка дозвола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните се повикуваат да го блокираат булеварот „Партизански одреди“, за да надлежните ги „отворат очите„ поради бројните несреќи во кои пешачи во Скопје го изгубија животот изминативе години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор
Големо незадоволство граѓаните на социјалните мрежи изразуваат и за судијата кој му го укинал притворот на Јованов, кога претходно го осудил за поседување на дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка
22-годишна девојка почина откако е удрена од автомобил на „Партизански одреди“
Фото: еМагазин