еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Од вечерва на полноќ, цената на дизелот се намалува за 1,5 денар за литар, а цената на бензините останува иста, одличи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Литар дизел со новата одлука ќе се продава за 71,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 70,5 денари за литар.

Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 80 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот и таа ќе изнесува 42,475 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запален автомобилот на обвинителката Маријана Илиеска од Прилеп

Редакција

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Редакција

Зачестија грабежи: „Живот на коцка“ во скопските казина, но и во банките

Редакција