Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за два денари, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Иста останува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Со новата одлука, цената на дизелот ќе изнесува 75,50 денари за литар.
За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,336 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.