еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дипломатскиот пасош не влијае на постапката против претседателката на Антикорупциска, Димитровска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изјави дека дипломатскиот пасош не влијае на правната постапка која се води против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска.

Министерството за надворешни работи (МНР) ќе ѝ го одземе пасошот кога ќе престане функцијата на носителот.​

„Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош.

Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред се како човек, не како министер, логично е дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија,“ рече Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците ќе преговара со Владата, одлучи централното раководство на партијата

Редакција

(Фото) Тоше денеска ќе наполнеше 44 години, сестра му направи торта со ангелски крилја

Редакција

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница

Редакција