еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Вработени во ЈЗУ Клиника за токсикологија обвинуваат дека економската директорка Бесија Иљази за помалку од два месеци го зголемила долгот на Клиниката за околу два милиони денари и одбила да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, поради што токсиколошката лабараторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати.

„Сакаме да ве известиме дека со назначување на в.д. организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника (иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација.

Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на Клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10:00 часот, а работното време и завршува во 14:30.

Исто така Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеци не е осигурана, иако за тоа сме со закон обврзани.

Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабараторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати“, информираа вработени во Клиниката преку соопштение.

Денеска за хаосот на Клиниката на прес-конференција алармираа и д-р Нико Беќаровски, раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката со уште пет докторки од Стручниот колегиум, кои информираа и дека наместо вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар, таа инсистира да се вработат 18 лица со истечени договори на дело.

Беќаровски рече дека тие 18 лица иако немаат никаква обврска, доаѓаат на работа и на визита.

„Ние работиме со пациенти на кои им е битна приватноста и доверливоста. Навистина не е пријатно да зборувам на визита за пациентот пред лица на кои не им е тука местото. За шест години се сменија и министри и пет директори. Секој си носеше свои кадри и стигнавме до седум-осум административци и две-три секретарки“, рече Беќаровски.

По прес-конференцијата и Иљази ги повика новинарите, ама зборуваше само на албански јазик, по што новинарите демонстративно си заминаа од средбата.

Како што е веќе познато Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа Клиника.

Според вработените, таа неретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема датум за ЕУ во октомври без ново СЈО и борба против корупцијата и криминалот

Редакција

МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ

Редакција

АВМУ го тужи Министерството за информатичко општество и администрација поради кратење на средства

Редакција