Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти.
На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 63 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ