еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Жито Лукс со зголемена добивка

Жито Лукс АД Скопје во првото полугодие остварил добивка пред оданочување од 15 милиони денари, што е подобрување за 4,5 милиони денари во однос на првото полугодие од минатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Оперативната добивка е зголемена за 5,5 милиони денари. Бруто добивката е зголемена за 39 милиони денари, при што се реализираше бруто маржа од 35%.

Вкупните приходи од продажба се зголемени за 3% во споредба со првото полугодие од минатата година. Компанијата бележи 17% пораст на обемот на продажба во земјата, кој произлегува од примарните категории производи (леб 20%, брашно 9%), но поради пониските цени, вредносниот ефектот изнесува 4%.

Останатите оперативни приходи, во износ од 5,8 милиони денари, се зголемени за 8% во споредба со истиот период минатата година.

Трошоците на продадени производи се намалени за 5,5% споредбено со првото полугодие минатата година.

Главен ефект врз намалувањето на трошоците потекнува од основната суровина и енергенсите, кој се пребива со повисоките трошоци за останати суровини и материјали за пакување, како и повисоки трошоци за работна сила.

Останатите оперативни трошоци се повисоки за 23% и воглавно произлегуваат од зголемување на: платите на вработените, трошоците за рекламирање и трошоците за дистрибуција поврзани со поголемиот обем на продажба, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Огнен Узуновски: Десет години „Излет“- измешани чувства, разнолики луѓе и приказни

Редакција

(Фото) Милошоски се јави од Тајван, не ги „послуша„ Кинезите

Редакција

Царинска управа вработува 16 службеници

Редакција