еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“.

Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“.

Неделниот протест, одржан за време на црковната празнична поворка, беше предводен од свештеници на Српската православна црква, од кои некои епископи велат дека парадата ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета.

„Спасете ги нашите деца и семејство“, гласеше еден од транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Вучиќ во саботата рече дека парадата ќе биде откажана или ќе се одржи подоцна од безбедносни причини. Според него, одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“, која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

„Тоа ќе се случи, но во некои други и посреќни времиња“, рече тој.

Претставникот на ОН во Србија ја критикуваше забраната на Белград за Европрајд.

„Тоа е против меѓународните обврски на Србија за човековите права“, рече Франсоа Џејкоб, координатор на ОН во Србија.

МИА/Фото: Белград прајд/Фејсбук/видео: TLG Short Videos

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција

„Дона-М“ го доби тендерот на МВР за набавка на безбол капи вреден шест милиони денари

Редакција

“Не му помагате вака на филмот“: Твитер во „црвено“ за пиратската верзија на “Медена земја“

Редакција