еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците од утре на работа

Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа.

Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности.

Меѓу првите активности во Собранието се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.

Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници. На последната координација со новинарите претседателот на Собранието за 13 септември ја најави првата нова редовна седница по одморот.

Пратениците на одмор заминаа официјално по Илинденските празници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвори уште еден предмет за в.д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска

Редакција

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објави снимки со пациенти на „Tик-Tок“

Редакција

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас

Редакција