Жито Полог АД Тетово во првото полугодие од годинава остварил загуба од 17,871 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 129,286 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување за 8%.Во структурата на приходи најголемо учество 98% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување за 7%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 141,667 илјади денари и во споредба со истиот период во 2023 година бележат зголемување за 10%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орка холдинг продаде 11.115 акции во Жито Полог, ги купи Нефроплус медикал
Жито Полог во минус во првите три месеци
Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг