еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 32-годишен маж од кичевско, излетал со возилото од патот

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен крадец кој извршил 22 тешки кражби за четири месеци

Редакција

За организирање прослава во затворен простор кривична пријава за 14 лица од беровско Двориште

Редакција

Што е персонализирана медицина и дали е тоа новиот начин на лечење

Редакција