еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запалено службеното возило на директорот на Идризово, пожарот зафатил и дел од зградата каде живее

Рано изутрина е запалено службеното возило на директорот на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, Зоран Јовановски.

Инцидентот, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), бил пријавен околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје.

Станува збор за возило „фолксваген пасат“.

Од пожарот бил зафатен и дел од фасадата на зградата каде што живее и предмети на балкони на долните катови од зградата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 164 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 85

Редакција

Бугарија не го признава македонскиот јазик, од ЕУ ќе бара да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“

Редакција

Заев, Села и Гаши постигнаа решение за законот за државјанство, деталите ќе се соопштат откако ќе се стават на хартија

Редакција