еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Комората на извршители велат дека новинарот Салиу ја попречил работата на извршителката Јакимовска

Со реакција за инцидентот со новинарот Фуркан Салиу и извршителката Весна Јакимовска од Гостивар се јавија и од Комората на извршители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новинарот Фуркан Салиу нападнат од извршителката Весна Јакимовска

Јакимовска како што информираа од Министерството за внатрешни работи, прво го нападнала Салиу, а потоа во полициската станица во Кичево и полициски службеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршителката која го нападна новинарот Салиу физички нападнала и полицаец

Од таму како што стои во реакцијата, најостро го осудуваат попречување на спроведување на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска.

Велат дека преземањето на дејствија во домот на должникот се врши почитувајќи ја личноста и достоинството на должникот и неговото семејство, па од таа причина јавноста е исклучена од постапките на извршувањето согласно обврската за извршителска тајна.

„Комората ќе ги искористи сите законски средства за да се побара одговорност за недозволеното и незаконито снимање на дејствијата кои ги презема извршителот со цел реализирање на судска одлука за наплата на долг.

Потсетуваме дека попречувањето при вршење на службата на извршителот е кривично дело, за кое МВР и Обвинителството имаат обврска да постапуваат по службена должност. Воедно, согласно Законот за извршување извршителот е овластен да го отстрани лицето кое го попречува спроведувањето на извршувањето и да побара асистенција од полиција.

Комората на извршители ги повикува надлежните институции за брза и ефикасна истрага се со цел целосно расчистување на случајот и правилно информирање на јавноста“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема пријавено случај на рекет или уцена кај членките на Стопанската комора на северозападна Македонија

Редакција

(ВИДЕО) Апел за итна помош: Голем пожар во близина на Пехчево

Редакција

(Фото) Македонија2025: Уште едно одлично издание на Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност

Редакција