еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Македонските граѓани од 1. јуни полесно ќе можат да работат во Германија. Земјата одлучи да го зголеми бројот на визи, годишно на 50.000 лица, со што германскиот пазар на труд ќе стане подостапен за граѓаните на Западен Балкан.

Освен за Македонија, тоа важи и за граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, објави schengenvisainfo.com.

Регулативата за овие земји беше ограничена до крајот на 2023 година, а со донесувањето на новиот Закон за квалификувана имиграција, Германија одлучи да ги промени правилата за овие земји.

Регистрацијата за термин за работна виза за Германија според Регулативата за Западен Балкан се отвори вчера, а ќе заврши на 14. мај 2024 година.

Секој заинтересиран може да се регистрира и нема потреба да го комплетира процесот на регистрација преку посредници или други агенции.

На апликантите им е дозволено да се регистрираат само еднаш, податоците не смеат да ги менуваат подоцна, а исто така не смеат да го префрлат својот термин на друго лице.

Оние кои ќе бидат избрани ќе бидат известени од германските власти и потоа ќе можат да аплицираат за виза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските граѓани повеќе не мора да се откажат од матичното за да добијат германско државјанство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Москва судирот на американски дрон и рускиот воен авион е провокација

Редакција

Kако да се регистрирате на Националниот портал за електронски услуги, за да вадите документи онлајн

Редакција

Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Македонија на конструктивен начин, вели Петков

Редакција