еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Радев посетата на Сиљановска Давкова не била ниту државна, ниту работна, затоа го немало македонското знаме

За бугарскиот претседател Румен Радев посетата на неговата македонска колешка Гордана Сиљановска Давкова на Бугарија, не била ниту државна, ниту работна, па затоа и го немало македонското знаме на фотографиите кои предизвикаа лавина од негативни реакции во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Како што пренесуваат бугарските медиуми тој денеска изјавил дека двајцата имале многу искрен и конструктивен разговор, кој поминал во пријателска атмосфера.

-Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја пренесе Владата на РСМ. Но, да биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета, подвлекол Радев, кој се надева дека Сиљановска Давкова наскоро ќе дојде во Бугарија во рамки на државна посета.

-Со тоа, со сите официјални средби, согласно протоколот, ќе придонесе и за натамошен развој на нашите односи. Ако го следиме протоколот, на ред е јас да одам таму, рекол тој.

Средбата според него била конструктивна и во пријателски дух.

-Ова е навистина добар почеток за целосно да ѝ помогнеме на Република Северна Македонија, подвлекол тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

Македонија загрижена за отстапувањето од договорениот протокол: Што пишува во протесната нота до Бугарија

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што предвидува предлог-законот за амнестија кој ВМРО-ДПМНЕ го поднесе по скратена постапка

Редакција

Објавени списоците: Кои граѓани добија финансиска помош за справување со енергетската криза

Редакција

Брачен пар и татко со две деца од Македонија заглавени во Газа

Редакција