еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски од Минхен побара Европа да создаде своја војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Минхенската безбедносна конференција повика на создавање на вооружени сили на Европа, за континентот да биде самостоен во услови на постојана закана од Русија, бидејќи се создава „нова реалност“.

Зеленски потенцираше дека се понеизвесна е поддршката од САД, и истакна дека Украина и Европа мора да бидат вклучени во какви било преговори, стравувајќи на договор помеѓу САД и Русија без да бидат запрашани засегнатите страни.

„Украина никогаш нема да прифати договори зад наш грб и без наше учество. Истото правило треба да важи за цела Европа. Нема одлуки за Украина без Украина, нема одлуки за Европа без Европа“, рече Зеленски.

Според него американската администрација има нов пристап не само кон Украина, туку и кон Европа како целина.

Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уредбата на Владата за помош на медиумите е селективна и не ги опфаќа сите медиуми, сметаат од ЗНМ и СЕММ

Редакција

Кои се Македонците Аријана и Бојан Коскарови кои се најдоа на престижната листа „30 под 30” на Форбс

Редакција

(Видео + Фото) Заеви на Виенскиот бал во Скопје: Кој се им правеше друштво

Редакција