еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зошто грчката компанија „Архиродон“ се откажа од градењето на „Чебрен„

Прашањето зошто грчката компанија „Архиродон“, која заедно со ППЦ, како конзорциум, требаше да ја гради хидроцентралата „Чебрен“, а се откажа од тоа, засега останува неоодговорено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропадна уште еден обид за изградба на „Чебрен“, грчката фирма нема да ја гради хидроцентралата

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, на денешниот брифинг со новинарите не сакаше да шпекулира за причините, но кажа дека Владата нема да ја активира гаранцијата во висна од 1,4 милиони евра, бидејќи „Архиродон“ не го потпишале договорот. Активирана би била во случај да ја повлечеле понудата.

Тендерот пропадна, рече таа, заради тоа што понудувачот не достави продолжување на банкарската гаранција, а со тоа понудата веќе не важи.

Една од можните причини зошто „Архиродон“ се откажа од „Чебрен“ може да биде тоа што не успеала преку кредити да ги собере потребните околу 1 милијарда евра за изградбата на хидроцентралата, а можеби причина се и бројните реакции и притисокот на јавноста и македонските енергетски експерти овој проект да не се дава на странци.

-Не навлегувам кои се причините зошто грчката компанија се откажа. Можеби влијаеше и она што се случуваше во јавноста и тоа ја обесхрабри компанијата да продолжи со процесот, бидејќи дел од експертската јавност сметаше дека не треба да одиме со концесионер, туку сами да го градиме Чебрен.

Не сакам да шпекулирам зошто не продолжи процесот. Кажавме дека не можеме да ги вградиме во концесискиот договор дополнителните услови кои и се потребни на компанијата за да може да продолжи со процесот, кои се технички и во најголем дел се однесуваат на одржливоста на проектот, бидејќи не се дел од тендерската документација, рече Шукова.

Условите во тендерот, како што посочи таа, не се сменти од 2020 година откога е распишан, но се променети условите на пазарот поради Ковид кризата и економската криза предизвикана од актуелните воени конфликти.

Оваа беше 14. тендер за изградба на „Чебрен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е грчката фирма што се откажа од изградбата на хидроцентралата „Чебрен“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стручна дискусија: Управувањето како дел од ЕСГ рамката е важна компонента за поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор

Редакција

Почнува саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ – храна, вино, туризам и лидерски самит

Редакција

Не можев да го чекам завршување на истрагата кога ја видов загриженоста на родителите на Пендиков, рече Османи

Редакција