еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Весна Дамева, која лани во април беше разрешена од позицијата претседател на Судскиот совет, од денеска е вратена на истата функција.

Оваа разврска следи откако Управниот суд ја поништи Одлуката за нејзиното разрешување од страна на Советот, а по сопствено барање, оставка поднесе актуелниот претседател на Советот, Сашко Георгиев.

Откако беше разрешена, Дамева се жалеже пред Управниот суд, а поднесе и кривична пријава до Основно јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за сторено продолжено кривично дело Злоупотреба на службената должност и овластување.

Од ОЈО Скопје досега нема никаква информација до каде е со пријавата.

Во пресудата на Управниот суд меѓудругото стои дека Судскиот совет без образложение утврдил недоверба за Дамева, по што незаконски ја разрешил од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која е разрешена

Која е Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избрани раководните тела на Алијанса за Албанците, одлуката за преговори со Влада, допрва ќе се разгледува

Редакција

Убава вест: Во Дебар уште само едно лице од заразените на домашно лекување

Редакција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом

Редакција