еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Единствениот кандидат, Весна Дамева, членка на Судскиот совет, вчера беше избрана за нова претседателка на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна Дамева е нов претседател на Судски совет

Каков имот пријавила Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Таа од страна на Судскиот совет беше изгласана со десет гласа „за“ и еден „против“.

За нејзе единствено не гласеше Лорета Георгиева

Таа доаѓа на местото на Павлина Црвенковска, која минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет која поднесе оставка

Која е Дамева

Според официјалните податоци објавени на веб страната на Судскиот совет, Дамева никогаш не била судија, а целото работно искуство го стекнала во Основен кривичен суд Скопје, каде е вработена од октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник.

Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Член на Судскиот совет е од пред три години.

„Врска„ со СДСМ

Дамева е поранешен член на правната комисија на СДСМ, на што вчера регираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а беше и објавена фотографија на која е со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, во просторија на партијата.

Таа пак на обвинувањата за „врската„ со СДСМ изјави дека со својата досегашна работа докажала дека има интегритет и дека не е член на ниту една политичка партија и додаде: „Ние како граѓани сме симпатизери, сме поддржувачи на политичка опција. Не гледам ништо спорно„.

„Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста.

Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење.

Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана“, рече Дамева за реакциите пред новинарите.

Одговарајќи на новинарски прашања таа цело време се повикуваше на нејзиниот интегритет.

„Јас ќе ги направам горди по две години кога ќе докажам дека сум успеала во мојата визија и мисија. Еден од првите мои чекори ќе биде иплементација на акциониот план. Злото наречено корупција мора да се сопре и тука нема простување.

Судијата кој ќе биде коруптивен, врз основа на факти и докази, вратата ќе му биде широко отворена за надвор. Нема друга шанса за таков судија, ќе му биде кажано: ‘не’.

Ве уверувам дека Судскиот совет е отворен за Вас, бидејќи вие сте единствен коректор на нашата работа, а за таа цел, треба нон-стоп да бидеме достапни и да одговориме на било кое прашање“, изјави Дамева.

Фото: МИА/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети побара да се отвори истрага за сите од ДУИ, почнувајќи од него

Редакција

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Редакција

Холандскиот премиер Руте: Се надеваме дека Скопје ќе го прифати францускиот предлог, ако не, Тирана сама да го продолжи патот

Редакција