еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Холандскиот премиер Руте: Се надеваме дека Скопје ќе го прифати францускиот предлог, ако не, Тирана сама да го продолжи патот

Доколку С. Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама да продолжи на патот, што сметам дека е праведно, но се надевам дека тоа нема да биде потребно, изјавил холандскиот премиер Марк Руте по средба со албанскиот премиер Еди Рама, пренесуваат албанските медуми.

Руте изразил оптимизам дека С.Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ.

-На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија.

Проблемот овде е С. Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија, така што двете земји, барем политички, се поврзани.

Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат С. Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи, оценил тој.

Додал дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог.

– С. Македонија направи многу, го смени и името. Постои оптимизам дека С. Македонија ќе го прифати францускиот компромис и ги повикувам да го прифатат, бидејќи тоа е фер компромис. Секој добива нешто, губи нешто, но барем тоа е фер резултат. Да се надеваме дека Македонија ќе се согласи и тогаш сите ќе можеме да одиме рака под рака во иднината, нагласил Руте.

Според него одредувањето датум за првата меѓувладина средба ќе биде награда за албанската влада на Еди Рама и за реформите што ги спроведува.

– Тоа ќе биде и правична награда за целата работа што ја направи владата на Еди Рама и реформите што ги презеде, а што ги видов со свои очи при мојата посета во ноември кога бев во Тирана, рекол тој.

Од своја страна, Еди Рама високо ја оценил посветеноста на Холандија и му се заблагодарил на премиерот Руте за промовирањето на процесот на пристапување во ЕУ.

И двајцата ја поддржале идејата за создавање нова политичка заедница. Руте дури зборувал за албанско-холандска иницијатива да го води процесот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За февруари и март 181 работодавачи, кои добиле државна помош, не исплатиле плати на 753 вработени

Редакција

Во Струга најголема смртност од Ковид-19

Редакција

Одлучи во корист на штедачите на Еуростандард банка: Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки

Редакција