еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар уште само едно лице од заразените на домашно лекување

Во Дебар само уште едно лице позитивно на Ковид-19 е на домашно лекување. Денеска ќе му биде биде земен контролен брис и доколку резултатот биде негативен и тоа ќе се вброи во списокот излекувани, информираше градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Градоначалникот на Дебар, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на прес-конференцијата по средбата на Штабот, рече дека и во последното деноноќие нема новодијагностицирани лица позитивни на коронавирусот, со што бројката останува 51 заразено лице.

Од вкупниот број 46 се излекувани, додека за жал четворица се починати. Во самоизолација, додаде Дука, се 16 лица.

Според него, непречено се одвива скринингот за имунитет на населението, што го спроведуваат 17 матични лекари, со кој треба да бидат опфатени 2.342 лица во општините Дебар и Центар Жупа и оти до сега оваа активност е реализирана за над 50 отсто.

-Безбедносната состојба за време на викендот може да се оцени како добра, освен што во последното деноноќие три лица не ја почитувале забраната за движење. Не се евидентирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. Непречено функционираат апаратите за дезинфекција на возила кои се поставени на влезовите во градот, нагласи Дука.

Информираше дека волонтерите на Црвен крст продолжуваат со давањето помош-услуги и за време на викендот. Имале повици од седум лица, од кои две лица имале потреба од храна, а седум за лекарства.

Тој упати апел до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните и задолжително доколку излегуваат од своите домови да носат заштитна маска и ракавици.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа четворца пациенти заразени од корона вирусот, вкупната бројка достигна 65

Убава вест: Оздравени 53 пациенти, вкупната бројка изнесува 553

Вкупно 1.399 заболени: Само 13 случаи на новозаболени со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за „Беса транс“ доставени видео-записи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција

Редакција

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Редакција

Кои се новите членови на Управен, Надзорен одбор и на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија

Редакција