еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Весна Дамева, која се врати на чело на Судскиот совет

Весна Дамева, која беше разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет во април минатата година, вчера повторно се врати на таа позиција откако Управниот суд ја поништи Одлуката за нејзиното разрешување од страна на Советот, а актуелниот претседател на Советот, Сашко Георгиев поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна Дамева се врати на чело на Судскиот совет, актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка

Дамева стана претседател на Судскиот совет во декември 2022 година и беше единствен кандидат за таа позиција.

Која е Дамева

Според официјалните податоци објавени на веб страната на Судскиот совет, Дамева никогаш не била судија, а целото работно искуство го стекнала во Основен кривичен суд Скопје, каде е вработена од октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник.

Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Член на Судскиот совет е од пред четири години.

„Врска„ со СДСМ

Дамева е поранешен член на правната комисија на СДСМ, па по нејзиниот избор беше и објавена фотографија на која е со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, во просторија на партијата.

Таа пак на обвинувањата за „врската„ со СДСМ тогаш изјави дека со својата досегашна работа докажала дека има интегритет и дека не е член на ниту една политичка партија и додаде: „Ние како граѓани сме симпатизери, сме поддржувачи на политичка опција. Не гледам ништо спорно„.

„Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста.

Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење.

Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана“, рече Дамева за реакциите пред новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дамева поднела тужба до Управниот суд за нејзино разрешување од Судскиот совет и кривична за ОЈО Скопје

Каков имот пријавила Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет

Фото: Телма/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени четири лица, претреси на три локации: Обвинителство за случајот со Онкологија

Редакција

(Аудио) Нова „тура“ „бомби“ со Јанушев и Јанакиески

Редакција

Бројот на заболени од корона вирусот се зголемува во сите скопски општини

Редакција