еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во февруари 5%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава, изнесува 0,5 проценти, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти.

Според ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5 проценти, Здравје за 0.2 проценти и Комуникации за 0,1 процент.

Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3 проценти, Облека и обувки за 0,3 проценти, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во февруари во однос на јауари годинава се намалени за 0,6 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Колони возила на граничниот премин Богородица за влез во Грција

Редакција

(Видео) Македонија ќе игра во повисок ранг на Лигата на нации од следната сезона

Редакција

Во последните три дена, 66 нови случаи на Ковид-19, 66 оздравени, нема починати

Редакција