еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска од Владата побараа разрешување на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, како и на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проекти во вредност од 81 илјада евра на фирми во сопственост на Дрин Ахмети, внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Од Антикорупциска бараат и преиспитување за доделувањето на грантови од ФИТР и на други фирми во периодот од 2020 до 2023 година.

Според Комисијата досега од буџетот на Фондот биле исплатени вкупно шест милиони денари, а при тоа не била направена ниту една контрола за да се види како се потрошени нивните пари.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами рече дека исплатата на парите се извршувала авансно на квартална основа, а останатиот дел од парите требало да се исплатат по исполнувањето на условите за наменски потрошени пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Според него спорно е што поголемиот дел од предвидениот буџет за проекти на ФИТР е доделен само на двете фирми на Дрин Ахмети,“Тор индустрис“, фирма во целосна негова сопственост, која на спорен конкурс добила околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“ и “Еверест ЏД“, исто така во негова сопственост добила 50.000 евра за проектот „Daтa management Efficiency System.

„Ако за двата проекти се доделени 5 милиони денари, а вкупно биле предвидени 6 милиони денари, останува нејасно дали некоја друга компанија воопшто добила пари од ФИТР за проекти по тој јавен конкурс.

Се прашувам како во овој случај не реагирал Управниот одбор, кој го следи работењето на Фондот и како Комитетот за одобрување на инвестиции дал одобрение повикувајќи се на една општа одредба во правилникот каде штуро на едно место се предвидени промени без да се прецизира какви промени и кој ќе врши надзор“, рече меѓудругото Бајрами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Ахмети, Дрин, барал повеќе пари, ама му одобриле само 82 илјади евра, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Онур Али, заменик-министер за култура во техничката влада

Редакција

Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка

Редакција

Може ли да бидат хакнати резултатите од престојниот референдум за името

Редакција