И пратеникот на владејачката СДСМ и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски е меѓу 12. лица обвинети во случајот со спортските ваучери на АМС, за кој Јавното обвинителство покрена предлог-обвинение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за 12 лица за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт
Лицата се сомничат за кривичните дела „Злоупотреба на службената должност“ и „Несовесно работење“, и за нив се побарани мерки на претпазливост.
За обвинението Каевски реагираше на Фејсбук.
-Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни. Најодговорно тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже.
Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност. Ништо од ова нема основа и затоа што фактите покажуваат дека:
Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната комисија. Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на Комисијата, ниту сум давал сугестии. Се е јасно.
Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15. јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС.
Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања, но едно е сигурно вистината ќе се потврди.
Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за три работни дена потоа, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наумче Мојсовски меѓу обвинетите за случајот со спортските ваучери, тој вели дека е невин
Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт
Фото: Каевски/Фејсбук