еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наумче Мојсовски меѓу обвинетите за случајот со спортските ваучери, тој вели дека е невин

Еден од обвинетите 12 лица во случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт (АМС), за кој Јавното обвинителство покрена предлог-обвинение е и директорот на АМС, Наумче Мојсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за 12 лица за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт

Лицата се сомничат за кривичните дела „Злоупотреба на службената должност“ и „Несовесно работење“, и за нив се побарани мерки на претпазливост.

Предлогот е на иницијатива на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која во февруари лани најави дека поради сомнение за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање и распределба на спортските клубови, до Јавното обвинителство ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на Мојсовски и двајца членови на Централната комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт

За обвинението, Мојсовски се огласи на Фејсбук.

-Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на АМС за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.

Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.

Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.

Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски меѓу обвинетите за случајот со спортските ваучери, тој ги отфрла обвинувањата

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски поднел тужба за клевета против Антикорупциска

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Фото: Мојсовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп конкуренција на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир

Редакција

Финска се подготвува за влез во НАТО без Шведска

Редакција

Исполнети се сместувачките капацитети за ковид пациенти во струмичката болница

Редакција