еМагазин
Image default
Македонија

Исполнети се сместувачките капацитети за ковид пациенти во струмичката болница

Седумдесет и пет ковид-пациенти се лекуваат во струмичката болница, а 16 од нив се на кислородна поддршка, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Иако полека се намалува бројот на новозаразени во Струмица, сепак бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирусот во болницата е голем.

– Имаме уште 30 пациенти кои се лекуваат во дневната болница, кои доѓааат тука да ја примат терапијата и потоа продолжуваат да се лекуваат дома. Вчера се испишани шест оздравени пациенти и засега имаме толку слободни кревети од вкупно 81, изјави директорот Гогов.

Двајца лекари и три медицински сестри се во изолација и во споредба со порано, овој број е многу помал кога имаше десетина заразени од медицинскиот персонал.

Инаку, на почетокот на овој месец почнаа работите за поставување на модуларна ковид-болница во Струмица. На површина од околу 600 метри квадратни треба бидат поставени 36 контејнери во кои ќе има триесетина кревети наменети за пациенти со лесна и потешка клиничка слика.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот секојдневно расте: За едно деноноќие 927 прекршоци за неносење маски

Редакција

Македонија од 5 ноември знаела дека Русија се подготвува за инвазија на Украина, откри Пендаровски

Редакција

Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните, најави Филипче

Редакција