еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните, најави Филипче

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на ковид-заразата и ќе се однесуваат на невакцинираните, најави министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на телевизија Канал 5.

Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што, рече, тие најмногу ги оптоваруваат болниците.

„Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем.

Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем.

Ние не можеме бесконечно долго да оставиме, вака да биде преоптоварен здравствениот систем,“ изјави Филипче и посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

ФЗО очекува системот целосно да профункционира да крајот на денов

Редакција

Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир од 33 европратеници од 16 земји

Редакција