Во текот на денешното гласање, покрај настаните кои беа соопштени на прес конференцијата на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, од страна на МВР регистрирани се и следните настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Досега изборниот процес се одвива мирно, какви нарушувања регистрираше МВР
Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т. (42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Фото: МВР