еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Фросина Ременски која е именувана за конзул во Венеција

Поранешната функционерка на владејачката СДСМ, Фросина Ременски е именувана за генерален конзул и шеф на генералниот Конзулат на Македонија во Венеција, Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фросина Ременски именувана за конзул на Македонија во Венеција

Бидејќи е поранешен функционер, нејзиниот анкетен лист не може да се најде на официјалната страна на Антикорупциска комисија, но еМагазин го има истиот во својата архива, од времето кога таа стана пратеничка.

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист, како заеднички имот со сопругот пријавила земјиште и куќа во Скопје, од 300 метри квадратни, стекнати со договор за купопродажба.

Како личен имот пак пријавила земјиште и куќа од 95 метри квадратни во Крива Паланка, кои ги добила како подарок.

На име на нејзиниот сопруг пријавила и возило БМВ и мотор Веспа.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки, вели српскиот министер за трговија Момировиќ

Редакција

Нагло зголемен бројот за само еден ден: 242 жртви и 14.480 заразени со коронавирусот во Кина

Редакција

Јордан Борисов Христов именуван за член на НО на Централна кооперативна банка

Редакција