еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Венко Крстевски, кој е избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани

Независниот кандидат Венко Крстевски вчера беше избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани

Тој доби девет гласа „за“, а Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ, осум.

Крстевски доаѓа на местото на Љупчо Папазов, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој си поднесе оставка, а сега е во притвор и е дел од истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани за пожарот во т.н. дискотека, во кој загинаа 61, а беа повредени 203 лица.

На седницата на Советот на Општината на која Крстевски беше избран за в.д. градоначалник, оставка си поднесе советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Кристина Атанасова-Арсова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советничка во Општина Кочани им се извини на гласачите и си поднесе оставка, ќе се посвети на повредниот син во пожарот

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Крстевски, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога во 2017 година станал советник во Општина Кочани.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен и подвижен имот.

На име на родителите пријавил стан и земјиште во Кочани.

На име на брат му пријавил возило „форд фокус„, а на име на родителите „опел фокус’.

На свое име има пак кредит од 339,7 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани

Каков имот пријавил Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Фото: Фејсбук/Крстевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомобил удрил во три малолетни девојчиња во скопски Чаир

Редакција

Разногласие: Каков договор и со кој потпишаа Србија и Косово

Редакција

Македонија влегува во криза: Рекордни 641 нови случаи на Ковид-19

Редакција