еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил судијата Лазар Нанев, кој имал 95 телефонски повици со обвинет во предмет кој го водел

Судијата Лазар Нанев и поранешен претседател на Основниот суд Кавадарци е во фокусот на јавноста откако вчера на седница на Комисијата на известители на Судскиот совет беа презентирани докази дека имал 95 телефонски повици со обвинет во предмет кој го водел.

Тој не дојде на седницата.

За случај по кој постапувал Нанев бил обвинет за кривичното дело недозволено пренесување на акцизно добро и добил ослободителна пресуда.

Како што соопштија од Комисијата, тој имал телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“.

Дали ќе има одговорност за него, Судскиот совет дополнително ќе одлучува.

еМагазин го пренесува неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија, кој го имаме во нашата архива.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил стан во Скопје и два автомобили.

Тогаш пријавил и приходи од членување во управен одбор, заем кој го зел во 2014 година, за кој нема податок дали го вратил, два кредити, од кои едниот според податоците во анкетниот лист, треба да е вратен и вториот од 2,8 милиони денари, кој треба да го врати следната година.

На име на родителите пријавил деловен простор, земјоделско земјиште и куќа во Кавадарци, а на име на децата пријавил уште еден автомобил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски топ тема во регионалните медиуми: Бившиот премиер на Македонија оди во затвор

Редакција

81,8% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања

Редакција

Пари за предвремени избори со ребалансот на Буџетот не се предвидени, кој ќе добие најмногу средства

Редакција