еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како се движела цената на акцијата на Алкалоид во третиот квартал

Акциите на Алкалоид АД Скопје важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.

Од компанијата информираа дека цената на акцијата во периодот јануари – септември 2024 година се движела од 18.151 до 22.700 денари или просечно 20.751,37 денари за една акција.

-Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со друштвото и на генералниот тренд на раст на глобалните и на регионалните берзи, велат од таму.

На 30.9.2024 година акциите на Алкалоид АД Скопје биле во сопственост на 5.766 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесува 31,9 милијарди денари.

-На 1. април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година во износ од 772.931 илјади денари.

Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година започна исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето за една акција.

Дивидендата од акција за 2023 година е поголема за 10,2 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Алкалоид во третиот квартал 222 нови вработувања во Македонија

Алкалоид во третиот квартал инвестирал 16,5 милиони евра

Алкалоид со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра и извоз од 157,7 милиони евра во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска нестабилно време, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Редакција

Мицотакис за железничката несреќа: Како премиер им должам на сите едно големо извинување

Редакција

Убава вест: 1.440 оздравени од Ковид-19

Редакција