еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Катерина и Димитар немаат соба и купатило, да им помогнеме за нормално детство

Катерина и Димитар сонуваат за детство како нивните другарчиња – свое креветче, соба, топол дом. Но, живеат во тесен простор, без купатило, без основни услови. Родителите се борат, но не можат сами. Помогнете им да имаат детство какво што заслужуваат!, стои во апелот за помош, кој се споделува на социјалните мрежи.

„Живеат во една мала соба од само 10 квадратни метри, без основни услови. Ноќите ги минуваат во просторија што ја делат со баба им и дедо им, кои понекогаш спијат на под за да им направат место на внучињата. Немаат купатило, немаат тоалет. Дури и во најстудените ноќи мораат да одат во надворешен полски тоалет.

Нивните родители, Елена и Златко, се трудат преку ден и ноќ. Работат во фабрика, на нива, цепат дрва – сè за да им обезбедат барем малку подобар живот. Таткото започнал да гради соба и купатило, но финансиските проблеми ги спречуваат да ја завршат,“ се вели во апелот.

Ваша донација може да им го промени детството!

Потребни се средства за:

Доградба на една соба – за да имаат свое место за спиење и учење.

Изградба на купатило и нормален тоалет – за да имаат пристојни услови за хигиена.

Основен мебел и материјали – за да создадеме топол и удобен дом.

Инфо за донации ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мало намалување на бројот на пациенти со корона вирусот во болниците

Редакција

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Редакција

Што Мицкоски им ветил на обвинетите за насилството во Собранието, а не исполнил

Редакција