еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кои улици ќе бидат затворени поради Советот на ОБСЕ: Денеска и утре, посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека почнувајќи од 29. ноември (среда) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30. ноември (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бапал“ го доби тендерот за одржување хигиена во Собранието вреден 86.000 евра

Редакција

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата

Редакција

КАМ третпат годинава ги зголемува платите на вработените: Основната почетна плата за касиери изнесува 28.000 денари

Редакција