еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Колку ги плаќа Русија македонските платеници за да се борат против Украина?

Скопјанецот Љ.Б. на возраст од 37 години пред неколку дена заработи кривична пријава, бидејќи се борел за Русите во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична и притвор за скопјанец кој се борел за Русите во Украина

Кривичната ја доби поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Во информацијата од Министерството за внатрешни работи, беше откриена и сумата која ја добиваат платениците од Македонија, која Русија ја дава за да се борат протов Украинците, но и дека едно лице од земјава загинало на боиштето.

Тие добиваат 3.000 евра месечно.

Според последните податоци од руското Министерство за надворешни работи, објавени во март годинава, 90 македонски државјани се пријавиле да се борат на украинска страна.

Од нив 30-мина наводно загинале.

Според руското Министерство, најмногу платеници има од Полска, 2.960, а убиени се 1.497.

Што се однесува до Европа, следуваат граѓани на Велика Британија, Романија и Хрватска.

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Редакција

Заврши и расправата за измените на Законот за одбрана, и тој ќе се гласа утре

Редакција

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Редакција