еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот министер Демерџиев ироничен: Ќе донираме три генератори да не паѓа системот на МВР

Бугарскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Иван Демерџиев, денеска од Скопје изјави дека нема информација колку бугарски граѓани биле вратени од граница, но добил информација од министерот Оливер Спасовски дека дошло до пад на системот за контрола на патници на граничните премини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна системот за контрола на граничните премини

За да нема такви проблеми во иднина, тој најави дека три генератори уште во понеделник ќе му бидат донирани на македонското МВР.

„Тие ќе бидат дадени точно за тие три гранични премини за да нема такви проблеми во иднина, Но за жал, разбрав дека проблемите продолжиле и по рачната обработка на докумените. Таквото однесување е неприфатливо. Тоа не соодветствува на заложбите на нашите два народа и нема потреба од вакви, би ги нарекол провокации,“ рече Демерџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарски пратеник се обиде да исценира инцидент на Деве Баир

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

Полицијата употреби драконски мерки, голем број Бугари беа спречени да дојдат, оцени бугарскиот министер Демерџиев

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица бара итен прекин на преговорите со Бугарија, францускиот предлог ја деградира македонската државност

Редакција

(Видео) Путин има јахта вредна 700 милиони долари, тврди тимот на Навални

Редакција

Детален преглед по градови: За една недела пораст од 34,9% на новозаболени од Ковид-19

Редакција