еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата употреби драконски мерки, голем број Бугари беа спречени да дојдат, оцени бугарскиот министер Демерџиев

Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој ја предводеше бугарската делегација на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев изрази очекување дека следната година заеднички со неговиот македонски колега Оливер Спасовски ќе положат цвеќе на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

-Нам ни беше даден термин од 13 часот и 30 минути, дојдовме и направивме се што беше договорено. Му предложив на министерот Спасовски да положиме цвеќе заедно, бидејќи мислев дека тоа е правилниот начин затоа што мислам дека апостолот Гоце Делчев заслужува токму такво чествување и се надевам дека на следното чествување тоа и ќе се случи, вели Демерџиев.

Прашан за засилените безбедносни мерки под кои се одвиваше чествувањето на раѓањето на Делчев, тој оцени дека нема потреба од како што вели, вакви драконски мерки.

-Јас не мислам дека такви безбедносни мерки се неопходни затоа што односите меѓу нашите два народа не бараат вакви драконски мерки на кои што сведочиме.

Всушност безбедноста треба да означува сите кои што сакаат да дојдат слободно да можат мирно да оддадат почит на Гоце Делчев.

За жал, има податоци дека поголем број бугарски граѓани беа спречени на граница тоа да го направат. Заемното почитување какво што ние го декларираме кон народот на Македонија е тоа што добив уверување да им се даде можност на сите да дојдат и да изразат почит на апостолот Гоце Делчев, рече Демерџиев.

За тоа дали на граница дошле европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот и претседател на „Преродба“, Костадин Костадинов кои предизвикаа инцидент во Скопје за време на чествувањето на споменот на Мара Бунева, Демерџиев рече дека и двајцата не се стигнати до границата.

-Разговорав со нив и изричито ги замолив да останат во Бугарија. Ние не смееме да правиме провокации. Дојдени сме да оддадеме почит, а не да создаваме провокации и тензии. Според мене тоа е правилниот пат. Не смееме да подлегнеме на провокации. Целта на тие провокации е да не разделат. Ние немаме причина да се разделуваме. Ние сме соседи, народи кои традиционално се почитуваат и тоа така треба и да продолжи, истакна бугарскиот министер за внатрешни работи.

Во однос на листата на бугарски државјани на кои денеска им бил забранет влез, а за која претходно Демерџиев рече дека е мошне мала и дали постои можнот за реципроцитет за македонски државјани, нагласи дека Бугарија е држава, која го почитува редот.

-Кога дојдоа граѓани на Македонија на чествување во Благоевград беа пуштени сите да положат цвеќе на спомениците во местата коишто сакаа да ги посетат и јас очекувам реципрочно точно такво однесување од властите на  Македонија. Очекувам од секој бугарски граѓанин што ќе пристигне да положи цвеќе и да се врати без да има какви било интервенции врз нив, рече тој.

Во врска со тоа како ги коментира изјавите на некои бугарски политичари, дека „Македонија е Бугарија“, тој рече дека Бугарија е првата држава која ја признала Македонија и нагласи дека тој нема намера да коментира такви шпекулации.

-За нас е јасно дека Македонија е самостојна држава и јас како претставник на бугарската држава се однесувам со целосна почит кон македонската држава и македонскиот народ, рече Демерџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демерџиев ироничен: Ќе донираме три генератори да не паѓа системот на МВР

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

Детали за инцидентот на границата: Приведени тројцата Бугари кои ги навредуваа македонските полицајци на Деве Баир

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 328 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Јадранка Костова и Александар Чомовски дел од тимот на телевизијата 1ТВ

Редакција

Коалициските партнери му дале на Ковачевски поддршка за продолжување на европскиот пат

Редакција