еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за инцидентот на границата: Приведени тројцата Бугари кои ги навредуваа македонските полицајци на Деве Баир

Министерство за внатрешни работи соопшти дека пред неполн час приведени биле тројца бугарски државјани поради нарушување на јавниот ред и мир на граничниот премин Деве Баир.

-Околу 12 часот и 45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на триесет и пет годишниот Г.З. ,А.Х.,. педесет години и Р.Х (54), бугарски државјани кои најпрвин вербално, дрско и недолично, со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска.

На граничниот премин Деве Баир, помеѓу Бугарија и Македонија се засилени полициските контроли од утрово поради најавени организирани групи бугарски државјани за посета на гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, на одбележување на 151 годишнината од неговото раѓање.

Бугарските граѓани кои тргнаа на гробот на Гоце Делчев, пак, минуваат на граничниот премин, влегуваат во државата и се враќаат во Бугарија, откако повеќе од пет часа, како што велат, чекале за влез во Македонија.

Мирослав Дачев и Бојан Донев, бугарски граѓани што влегоа со возилата на македонската страна, велат дека само сакаат да положат цвеќе на гробот на Делчев и дека не им е јасно зошто за некои од нив не е дозволено да ја реализираат намерата.

-Ова ми е втор пат да ја посетам Македонија, првиот пат бев на чествувањето на Мара Бунева и не ми е јасно, зошто ние што сме биле тогаш, не можеме да одиме повторно во Скопје, кога не сме сториле никаков прекршок? Само сакаме да му оддадеме почит на Гоце Делчев, којшто знаете е бугарски револуционер, вели Донев.

Според информациите од МВР, од синоќа од 8 часот до изутрината до 8 часот во државата преку овој граничен премин влегле 249 лица од кои 105 македонски државјани и 144 странски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ ќе ги тужат сите политичари, политички партии и медиуми, ако за 24 часа не се извинат за „лажните вести“ за ПИОМ

Редакција

Со испрашување на сведоци на одбраната, продолжува судењето за случајот „Тортура“

Редакција

Нови 411 случаи на Ковид-19, оздравени 210, нема починати

Редакција