еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Константинос Тасулас е нов претседател на Грција

Поранешниот претседател на грчкиот Парламент, Константинос Тасулас (66) денеска е избран за нов претседател на земјата.

Тој доаѓа на местото на Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат завршува во март.

Тасулас, кој е предлог на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе положи заклетва на 13. март

За него гласаа само 160 од вкупно 300 пратеници во грчкиот Парламент.

Тој е адвокат и татко на две деца, а е пратеник од 2000 година.

Бил министер за култура и заменик-министер за одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

66-годишен планинар се изгубил на Плачковица, пронајден од спасувачката служба „Осогово“

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во декември

Редакција

Убава вест: 71 оздравени од Ковид-19

Редакција