Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf).
Концертната промоција ќе се случи на 12. април, во МНТ, со почеток во 20 часот.
Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.
Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.
Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.
Музичките нумери како насловната „Keyf“, но и „Gypsy“, „Afghan Samba“, „Helidoro’s Recipe“, „Mente Pura“, ќе ги потсетат сите љубители на добрата музика на тоа зошто Васил Хаџиманов Бенд својата музика ја изведува на бините ширум светот и зошто токму нивната музика во Србија е прогласена за уметничко дело со национална вредност.
Снимањето и продукцијата на албумот се Gdi For The Arts i Croatia Records.
Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот.
Потпирајќи се на богатото искуство во областа со фолклорот, Васил Хаџиманов е автор кој правилно ја сфати пораката од своите предци и таа инспирација ја преточи во автентичен музички исказ.
Фото: Фејсбук/Хаџиманов
Промотивна објава