еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе има ли „тепачка“ кој да ја замени притворената Катица Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи да ја почне процедурата за разрешување на шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, која е осомничена за случајот на Јавното обвинителство (ОЈО), „Рекет“ и заврши во притвор.

Јанева претходно дента кога Јавното обвинителство соопшти детали за „Рекет„ веќе поднесе оставка, па во јавноста и во политичките кругови уште од тогаш почнаа да се „вртат“ имиња за нејзин наследник/наследничка.

Од СДСМ, предложија новото СЈО, кое според предлог-законот за Јавно обвинителство ќе се спои со ОЈО, ја предложија актуелната шефица на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, која го води „Рекет“.

Од опозицијата не беа фасцинирани од тој предлог, а последно од ВМРО-ДПМНЕ на таа тема е дека новиот шеф/шефица на новото СЈО, не мора да биде од редот на обвинителите, туку изборот да биде од поширок опсег и да опфаќа и професори кои имаат долг стаж во кривично-правната област.

Од Алијансата за Албанците, пак во неколку наврати побараа новото СЈО да го води странец.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку дена пак на темата изјави дека нема пречка новото СЈО да го води и некој од обвинителите во СЈО.

Големи шанси, ако таа опција влезе во „игра“ имаат заменичките на Јанева обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска, која исто така даваше исказ за случајот „Рекет“.

Како и да, во јавноста допрва ќе почнат да се вртат имиња, но она што е најважно, е за брзо време да се избере в.д. шеф/шефица на СЈО, за да може истото да се врати во колесок и да почне нормално да работи по скандалот со Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева ќе земе плата и за август, незвесно дали ќе добие и 30% додатоци

Која е процедурата за разрешување на Катица Јанева

Изнајмената куќа на Катица Јанева во скопско Козле месечно не чинела 400 евра

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Братска“ Бугарија успеа да направи Чеси и Словаци да ги осеќаме како поблизок народ од нив“: Твитер реакции за ветото на Словачка и Чешка

Редакција

Азески: Чичко ништо од бизнисот, струјата константно не дрма веќе 9 месеци, а ќе не дрма и натаму

Редакција

Народната банка распродава автомобили: По багателни цени се нудат Ауди А6, Форд Мондео, Цитроен Ц4…

Редакција