Со реакција на контроверзното барање на Костадин Костадинов, лидерот на бугарската проруска и крајнодесничарска партија „Преродба„ за припојување на Македонија кон Бугарија, се огласи и лидерката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија
Таа нарекувајќи го Костадинов – Костја Копејкин, како што го викаат во Бугарија поради отворената проруска ориентација му порача на Фејсбук дека тоа ќе се случи на „куково лето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Костадинов, лидерот на „Преродба“ кој бара припојување на Македонија кон Бугарија
Според Зајкова, ваквите фашизоидни идеи не изненадуваат никого, но мора да останат само дел од мрачното минато полно со жртви и страдања.
-Македонскиот народ е засебен со своја историја, култура, јазик и традиција, а Македонија ќе си биде самостојна, суверена и независна земја, рамноправна со соседите и другите нации во Европа, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Зајкова/Фејсбук