еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој донирал за претседателската кампања на Арбен Таравари

Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Македонија, на коалицијата „Вреди„, кој не влезе во вториот круг, собрал донации од најмалку 3.354.900 денари или околу 55 илјади евра, покажуваат двата извештаи кои ги доставил до Државниот завод за ревизија.

Едниот се доставува на 20. ден од кампањата, а другиот на 11. ден. Тој по завршувањето на изборите треба да достави и финален извештај.

Таравари самиот си донирал 183.000 денари, а донации добил и од партијата Алтернатива, која е дел од Коалицијата, како и од Алијанса за Албанците.

За него донирале и пет физички лица.

За реклама и пропаганда, Таравари потрошил 1.414.987 денари или околу 23 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој донирал за претседателската кампања на Гордана Силјановска Давкова

Која фирма донирала за претседателската кампања на Бујар Османи

Кој донирал за претседателската кампања на Билјана Ванковска

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата има извршниот директор на Раде Кончар-Апартна техника

Редакција

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

Редакција

Детален извештај: Кои компании загадуваат во Скопје, Битола, Струмица, Гостивар и Тетово?

Редакција