еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Назим Буши кој ќе раководи со МВР до формирање на нова влада

Назим Буши, кадар на ДУИ, кој е поранешен заменик министер за внатрешни работи до формирањето на нова влада ќе биде министер за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Назим Буши од ДУИ од денеска министер за внатрешни, на Тошковски му заврши мандатот

Тој доаѓа на местото на Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, на кој му заврши мандатот како технички министер за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Назим Буши, кој ќе раководи со МВР до избор на новата влада

Кој е Буши?

Роден е во декември 1967 година.

Во периодот од 1982 до 1984 година завршил средно образование во гимназијата “Зеф Луш Марку” во Скопје.

Во периодот од 1984 до 1986 година завршил воено школо во “Рајловац” во Сараево.

Во 1987 година завршил Воена академија во Задар во Хрватска.

Во 2004 година дипломирал на Педагошкиот факултет во Скопје.

Од 2009 до 2011 година бил на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“
при Универзитет “Кирил и Методиј” – Скопје.

Тој е Магистер по медиуми и комуникации.

Татко е на три деца.

Работно искуство

Од 1987 до 1991 година работел на воениот аеродром на ЈНА.

Од 1992 до 2001 година работел на воениот аеродром Петровец во Скопје.

Од 2002 до 2006 година работел во Републички судски совет за безбедност во сообраќајот при МВР.

Од 2002 до 2004 бил член на Управниот одбор во ПИОМ.

Од 2004 до 2006 година бил заменик директор на Агенцијата за спасување и заштита во Влада.

Бил и потпретседател на Управниот одбор на Гинеколошката болница во Чаир – Скопје.

Од 2009 година бил надворешен советник на градоначалникот на Општина Чаир.

Од 2010 до 2017 година бил потпретседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, каде Владата е акционер.

Во 2017 година бил главен оперативен извршен директор на Македонски Телеком.

Во 2018 станал претседател на Одбор на директори на Македонски Телеком.

Скандал со скап хотел во Истанбул

Буши пред неколку месеци беше во фокусот на јавноста, откако албанската телевизија Ора њуз објави дека престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Заменик министерот во МВР, Буши престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање е 20 илјади евра, објави албанската телевизија Ора њуз

Од неговиот Кабинет информираа дека патувањето било есента 2020 година, кога не бил заменик министер за внатрешни работи, дека било за приватни цели и дека престојот во хотелот го платил некој друг. Не се откри кој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувањето на Буши не го платило МВР, било приватно за медицински цели пред тој да биде назначен на функцијата

Фото: МВР/Фејсбук/Буши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР нема да испрати протесна нота за демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Европска политичка заедница за тие што не се спремни за прием во ЕУ, предлага Макрон

Редакција

Каков имот пријавил Бојан Маричиќ, министерот за правда

Редакција