Опозициската ВМРО-ДПМНЕ лани имала приходи од 104 милиони денари, покажува извештајот за финансиското работење на партијата, кој го објави Државниот завод за ревизија.
Најмногу пари заработила од државата, односно граѓаните – 97 милиони денари, пари кои и следат по закон и кои ги добива секоја партија.
Од донации има 3,7 милиони денари.
Од донаторите најголем е фирмата за одржување на хигиена – Лувак 2020, која донирала 800 илјади денари.
Меѓу донаторите се и функционери на партијата како Антонио Милошески, Миле Лефков, Игор Јанушев, Ане Лешкоска…
Партијата лани имала расходи од 98 милиони, од кои за реклами и пропаганда потрошила 6,5 милиони денари.
Целиот извештај ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку приходи остварила лани СДСМ
Кои се донатори на ДУИ и од што се финансирала партијата лани