Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби се уште не е вратен во Македонија, а во меѓувреме доби и 30 дневен притвор за случајот со криминалот во државното акционерско друштво Лотарија на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за Груби и Бајрами
Не е познато дали е се уште во Косово или во меѓувреме заминал во Албанија.
Тоа што е познато е дека во Косово преку Граничниот премин Блаце заминал со дипломатското возило на почесниот конзул на Косово и сопственик на Нептун, Арсим Папранику.
За оваа информација, која ја објави телевизијата Телма, засега нема официјална реакција ни од македонските, ни од косовските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на Нептун и почесен конзул на Косово, Папранику, го однел Груби во Косово, објави Телма
Кој е Папранику
Иако компанијата Нептун е позната во Македонија, јавноста многу малку знае за Папранику.
Почесен конзул на Косово стана во 2018 година.
Тој е и еден од косопствениците на Ист Гејт Мол во Скопје.
Во бизнисот со бела техника влегол со неговиот брат преку „Еуро медиа„, која подоцна прераснува во препознатливиот бренд „Нептун“, заедно со комплементарните услужни претпријатија „Сервис Македонија„ и „НЕП Лојалити„.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој го пуштил Груби да замине на Косово, бил ставен на стоп-листа
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД
Фото: Нептун