еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Ратко Капушевски, сопственикот на „РКМ“, кој заврши во притвор за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Ратко Капушевски, еден од сопствениците на фирмата „РКМ“, заедно со доминатниот сопственик на истата, Ерџан Сулкоски, завршија во притвор, откако беа осомничени за злоупотреба и перење пари при набавка на мазут за државната ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Во истиот случај кој го отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се осомничени уште неколку лица, меѓу кои е и сопственикот на фирмата „Пуцко петрол„, Асмир Јахоски, како и поранешниот директор на Електрани на Северна македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој веќе неколку месеци е во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут

Кој е Капушевски

Роден е во 1986 година во Скопје.

Според неговата официјална биографија, објавена на веб страната на фирмата “РКМ“, дипломирал на Правниот факултет, а во 2009 година магистрирал по локална самоуправа и локален економски развој.

„По магистратурата, на 22 години стана најмладиот генерален директор во Република Македонија во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во оваа институција главна цел му беше развојот на образованието во Република Македонија„, стои во неговата биографија.

Државната функција ја доби кога премиер беше Никола Груевски, а неговата влада во 2010 година го именуваше за генерален директор на спортскиот центар„ Борис Трајковски“ во Скопје.

Приватен бизнис

Во 2014 година влегува во приватниот бизнис, а следната година ја основа својата прва фирма, која денеска го носи името „РКМ“.

Во 2019 година станува трговец со нафтени деривати.

Претходно е управител на друштвото за авио превоз „Сис авиејшн“. Во 2018 година е сменет и на негово место е назначен рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, со кој кратко време соработуваа, а според пишувањата на медиумите од тој период, се запознале додека Капушевски бил директор на „Борис Трајковски“.

По кратка соработка, Самсоненко во интервју за Фокус изнесе сериозни обвинувања на сметка на Капушевски

Освен „РКМ“, Капушевски според пишувањата на медиумите ја основал и компанијата “Еуро Џет“, која работи во истата област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е „Пуцко Петрол„ на Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Фото: Фејсбук/Капушевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ избришано од Централен регистар

Редакција

Садула Дураки ем министер ем вицепремиер

Редакција

Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател

Редакција