Стефан Андоновски e кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер за дигитална трансформација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Кој е Андоновски
Роден е на 17. април 1991 година во Скопје.
Тој е дипломиран правник. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје.
Тој е Докторанд на правни науки на Правниот факултет и Магистер по меѓународни односи и меѓународна економија на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, САД.
Зборува англиски, германски и италијански јазик.
Работно искуство и политичка кариера
Од декември 2023 година до денес е демонстратор на Правниот факултет во Скопје.
Во последната техничка влада беше дополнителен министер за информатичко општество и администрација.
Од 2021 до јануари 2024 година е член на Советот на Град Скопје.
Од 2020 до 2024 година е раководител на истражувачко-аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Од март 2019 до март 2020 година е проект менаџер во маркетинг агенцијата „Block&Roll”.
Во периодот од 2018 до 2019 година работел како спецјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia support initiative 2.
Од 2016 до 2018 година работел во Зегин, како советник за односи со странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Кој е Златко Перински, кандидат за министер за локална самоуправа
Кој е Орхан Муртезани, кандидат за министер за европски прашања
Фото: Андоновски/Фејсбук