еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој е 28-годишниот Бардела кој го победи Макрон и го натера да распише предвремени парламентарни избори

Франција е во фокусот на светската јавност откако центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон доживеа голем пораз на изборите за Европскиот парламент, па тој го распушти Собранието и распиша предвремени парламентарни избори за 30. јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон изгуби на европските избори: Францускиот претседател го распушти Собранието и распиша предвремени избори

На европските избори победи екстремно десничарската Партија на Национален фронт на Марин Ле Пен.

Кој го победи Макрон?

Станува збор за 28-годишниот политичар Џордан Бардела, кој го презеде раководството на Народен фронт од Ле Пен, која се обидува да ја ослободи партијата од обвинувањата за расизам и антисемитизам наследени од нејзиниот татко и ко-основач на партијата, Жан-Мари Ле Пен.

Бардела кој пораснал во дом со еден родител, во областа Сена-Сен Дени, североисточно од Париз, преполна со криминал, официјално стана лидер на партијата во 2022 година на само 27-годишна возраст, но има комуникациски вештини како многу постар политичар.

Тој има 1,2 милиони следбеници на TikTok, со што привлече помладо гласачко тело.

Бардела не направи револуција во системот на верувања на партијата, но на својата партија и даде младешки воздух, велат експертите за овој нов политчки феномен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фреди Белери кој ги скара Грција и Албанија од затвор стана европратеник

Подем на екстремната десница на европските избори

Европската народна партија го задржа мнозинството по европските избори

Фото: Фејсбук/Бардела

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фестивалот на пивото во Прилеп ќе биде од 9 до 11. август, еве кој се ќе настапи

Редакција

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Редакција

Град Скопје склучи договор со Пошта, вреден 582,1 илјади евра

Редакција